Фудбалот не се враќа дома, Италија нов европски шампион

EPA-EFE/Andy Rain

Фудбалерите на Италија се нови европски шампион откако во финалето на Европското првенство ја совладаа Англија на „Вембли“ и тоа по подобро изведување на пенали. Во пенал рулетот Италијанците беа подобри со 3:2 откако резултатот во регуларниот дел и по продолженијата беше 1:1.
Ова е втора европска титула за „Азурите“, прва по дури 53 години, додека Англија ќе чека следна шанса за да дојде до првата титула на континенталниот собир.

EPA-EFE/Laurence Griffiths

Херој на новиот европски шампион беше голманот Џанлуиџи Донарума кој ги одбрани пеналите на Џејдон Санчо во четвртата и Букајо Сака во петтата серија, додека непрецизен беше и Маркус Рашфорд. Кај Италијанците непрецизни беа Андреа Белоти и Жоржињо, но затоа погодија Берарди, Бонучи и Бернардески, додека за Англија погодија Мегваер и Кејн.

EPA-EFE/Andy Rain

За време на регуларниот дел, Англичаните поведоа со најбрзиот гол во историјата на финалињата на Европските првенства, во втората минута погоди Лук Шо. Но, потоа Англичаните се повлекоа, се одлучија да го чуваат водството и таквата тактика се покажа погрешна бидејќи во второто полувреме Италија дојде до израмнување. Во 67 минута Леонардо Бонучи донесе израмнување на 1:1.

EPA-EFE/Andy Rain

До крајот на регуларниот дел немаше посерииозни шанси па натгпреварот влезе во прдолженијата каде исто така нема ниту голови ниту шанси по што прашањето на победникот мораше да биде одлучен во пенал рулетот. Тука Донарума беше вистински херој бранејќи два пенали на Англичаните и и ја донесе втората европска титула на својата репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот