Фудбалерките во Холандија може да играат за аматерски машки екипи

epa08764768 The players of the Dutch national team during their training in Zeist, The Netherlands, 22 October 2020. The Dutch women's football team is preparing for the European Championship qualifying match against Estonia. EPA-EFE/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Фудбалската федерација на Холандија им дозволи на најталентираните фудбалерки од следната сезона да играат во натпреварувањата во машка конкуренција.

Тие ќе се натпреваруваат со мажите во највисокото ниво на аматерско фудбалско натпреварување, пренесуваат холандските медиуми.

Холандската куќа на фудбалот објави дека оваа одлука претставува историски момент на аматерскиот фудбал во Холандија, но и ширум светот, имајќи предвид дека мешаните тимови досега беа дозволувани само во помладите категории.

– Во согласност со духот на модерното време, но и неодамнешните истражувања, не гледаме причина строго да се држиме само до машки тимови. Ние сме посветени на еднаквоста и различноста – рече Јан Дирк ван дер Зи, претседател на холандската асоцијативна фудбалска асоцијација, додавајќи:

– Ние сакаме да им понудиме на девојките и на жените место на фудбалската мапа што се заснова на нивните квалитети и лични амбиции.

Холандската фудбалска федерација започна интересен експеримент оваа сезона, откако 19-годишната фудбалерка Елен Фокема доби специјална дозвола да игра за локалниот машки тим Форут, кој се натпреварува во четвртата лига.

Иако се одиграа само седум натпревари поради проблемот со коронавирусот, овој експеримент беше оценет како многу позитивен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот