Фудбалерите на Куманово нападнати во Ченто од домаќините

Фото: KF Fortuna Official

Инцидент се случил по натпреварот од Третата лига Север помеѓу екипите на Фортуна и Куманово кој завршил со победа од 1:3 за гостинската екипа.

Според официјалниот записник домашни фудбалери физички нападнале гостински, а потоа избегале во соблекувалната да не добијат црвени картони.

Судија на овој натпревар беше Димитар Пилешков кој суди и на натпревари од Првата и Втората македонска фудбалска лига.

“Натпреварот одигран по правила и прописи на ФФМ. Натпреварот доцнеше 15 мин, поради промена на дресовите на двете екипи. Видео матерјалот е предаден на контролорот. По завршување на натпреварот домашните играчи со бр. 21 Реџепи Иса и играчот со бр. 26 Алилов Ерсин физички нападнаа повеќе играчи од гостинската екипа при што настана масовна конфронтација која за кратко време се стави во нормала. Играчите со бр 21 и 26 од домашната екипа избегаа во соблекувалната при што немаше можност да им се додели црвени картон од страна на главниот судија“, стои во записникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот