Фудбалерите на белгиски клуб играле над масовна гробница од Бронзено време

твитер

Под фудбалскиот терен во белгискиот град Шелебеле, локалните археолози пронашле остатоци од стотина починати луѓе кои се кремирани, а потоа пепелта и коските биле распоредени во два големи круга.

Иако белгиските медиуми не објавија како воопшто дошло до ова откритие, локалната екипа на Шелде извесен период ќе мора да бара нов терен на кој ќе ги игра натпреварите како домаќин, бидејќи нивниот терен е претворен во археолошко пронаоѓалиште.

Научниците откриле два круга, еден помал, а на вториот дијаметарот изнесувал 55 метри, во кои биле наредни остатоците од коските за кои се проценува дека се од Бронзеното време. Првичните проценки на археолозите се дека коските се стари речиси 4.000 години.

– Ова можеби не изгледа спектакуларно, но на нас јасно ни укажува на дамнешна цивилизација. Од ова можеме многу да научиме за ритуалите поврзани со погребите во тоа време. Тогаш умрените луѓе биле кремирани, пронајдовме урни, пепел и запалени коски – изјави Клара Тис, член на археолошкиот тим.


Интересно е што фудбалерите на Шелде откако ќе заврши истражувањето ќе се вратат на играат на овој терен иако гробницата е постара дури и од познатите египетски пирамиди.
Само одредени примероци ќе бидат задржани на испитување, или евентуално ќе биде однесени во музеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот