Фризерите советуваат: Овој тест од 10 секунди открива дали смеете да ја фарбате косата

Многу фактори влијаат на крајниот резултат на фарбањето на косата, но еден е клучен – косата мора да биде здрава за таа да изгледа добро.

Доколку ја фарбате косата во домашни услови, фризерите советуваат пред тоа да проверите во каква состојба е истата, со помош на овој едноставен тест.

1. Одвојте еден прамен од косата и измазнете го.

2. На праменот ставете неколку капки вода и набљудувајте колку време е потребно за тие да се впијат.

3. Доколку косата апсорбира вода за помалку од 10 секунди, тогаш кутикулата односно надворешниот слој на косата е премногу оштетен и косата нема правилно да се офарба.

4. Доколку на капките им се потребни повеќе од 10 секунди да се впијат, тогаш вашата коса е во добра “форма”.

Совет: На оштетување на кутикулите, покрај останатото, влијае и чешлањето на мокра коса, претераното третирање на косата со пегла, фигаро или фен, како и бланширањето. Поради сето наведено, косата ја губи својата влага и затоа пука.

За да и го вратите стариот сјај и здравје, намалете ја нејзината изложеност на врел воздух. Не фенирајте ја веднаш по миењето бидејќи тогаш косата е исклучително “кревка”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот