Франција: Се утврдува вистинскиот идентитет на напаѓачот кој повреди две лица во Париз

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Истражните органи одговорни за истрагата за нападот со месарски нож во петокот, 25 септември во Париз пред поранешните простории на „Шарли Ебдо” си поставуваат прашања за вистинскиот идентитет на главниот осомничен, кој досега се претставувал како 18-годишен Пакистанец, јави дописникот на МИА.

Вештачењето на мобилниот телефон на лицето кое себеси се нарекува Хасан А., им овозможи на истражните органи да откријат фотографија од документ за лична карта, според кој, напаѓачот всушност се вика Захер Хасан Мехмуд и дека има 25 години, објавија повеќе француски медиуми, од кои и „Ле Монд”.Токму под овој идентитет ова лице се претстави во видео со која ја презеде одговорноста, снимено пред нападот и потврдено како автентично од истражните органи.

Во овој двоминутен документ, кој кружеше за време на викендот на социјалните мрежи, напаѓачот кој се претставува како Захер Хасан Мехмуд ја презема одговорноста за нападот што ќе го изврши, без да изрази верност кон некоја организација и го објаснува тоа „со карикатурите на пророкот Мухамед “.

„Денеска, петок на 25 септември, ќе ги осудам, додава тој, тврдејќи дека го има како „водич” Мула Илјас Кадри, водач на Дават-е-Ислами, аполитичка и ненасилна религиозна група Инспириран од суфите, со седиште во Пакистан.

Притворот за напаѓачот, кој го призна неговото дело и призна дека сакал да го нападне Шарли Ебдо, не знаејќи дека редакцијата се преселила на тајно место по нападите во 2015 година, во неделата беше продолжено за 48 часа. Во моментот уште пет други лица се притворени: тројца поранешни цимери на главниот осомничен од неговиот стан во Пантин, неговиот мал брат и негов познаник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот