Франција го омекнува ставот: Реформите во методологијата можат да течат паралелно со преговорите

Тимоние е оптимист дека во следните месеци ќе има резултати и дека се приближува отворањето на преговорите со Македонија и Албанија, пишува Алсат.

Се чини дека Франција го омекнува ставот „прво реформирање на методологијата за проширување, па потоа отворање на преговорите со Македонија и Албанија“.

За прв пат францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, рече дека процесот на реформирање на методологијата може да се направи паралелно со отворање на преговорите со Македонија и Албанија.

Тимоние е оптимист дека во следните месеци ќе има резултати и дека се приближува отворањето на преговорите со Македонија и Албанија, пишува Алсат.

Изјавата на францускиот амбасадор доаѓа после повеќето позитивни изјави од челниците на највисоките институции на ЕУ, дека на средбата на Европскиот Совет во март, може да се одлучи за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, во случај по февруари да биде презентирана новата методологија за проширување од Европската Комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот