Францускиот предлог беше изгласан, а не надгласан

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

д чисто формален аспект – во Собранието никој не беше надгласан, затоа што кога се гласаше во салата немаше кој да биде надгласан. Гласаа оние од парламентарното мнозинство, а „етничките Македонци“ едноставно си заминаа.

Македонската јавност беше и остана поделена околу прифаќањето или неприфаќањето на францускиот предлог, а веројатно така и ќе продолжи. Инаку, оваа поделба прво почна како експертска, за бргу потоа да биде политички апсорбирана и како таква да биде транспонирана во партиско-политичка и следствено на тоа да се сведе на улична, откако голем број граѓани повеќе денови маршираа по булеварите и улиците на главниот град, завршувајќи со протест пред Собранието на Македонија.

А внатре во парламентарниот дом, во храмот на демократијата, наместо соочување барем со минимум аргумнти, се одвиваше вистинска простачка дебата на најдолно можно малограѓанско ниво, во која ВМРО-ДПМНЕ го опсипа парламентарното мнозинство со такви навреди и клетви кои можат да се слушнат само во најдолните маалски биртии, меѓу општествениот шљам.

Да се чудиш како овие луѓе ќе се гледаат меѓу себе од вчера натаму.

Оттаму навистина збунувачки делуваше инстаграм коментарот на Малинка Ристевска Јорданова, дека парламентарното мнозинство „ги надгласало етничките Македонци“ за францускиот предлог и дека „тоа ги доведува во прашање темелите на македонскиот уставен систем и поттикнува долгорочна криза“.

Таквиот контекст на употребата на овие, „етнички“ Македонци има директна намера да ги инаугурира пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во „вистински“ Македонци, за разлика од таму некое, хетерогено, парламентарно етничко мнозинство од „нижа“ раса, кое на недемократски начин ги надгласало „над-Македонците и со тоа го загрозиле Уставот и предизвикале долгорочна криза.

Како прво, се наметнува прашањето: дали во „тоа“ мнозинство нема Македонци кои се исто така „етнички“.

Второ, ако веќе станува збор за Уставот, токму тој не познава таква категорија граѓани, ниту во Преамбулата, ниту во нормaтивниот дел.

Трето, колку до вчера оваа парадигма „етнички Македонци“ што најчесто ја употребуваа странците кога сакаа да не „распознаат“ од Албанците и од другите, беше навредлива за нас.

Сега наеднаш добива контекст на нешто етнички чисто.

Но, ниту тоа не е вистина затоа што и меѓу „надгласаните“ има и „други“, освен „етнички Македонци“.

И, на крајот, од чисто формален аспект – во Собранието никој не беше надгласан, затоа што кога се гласаше во салата немаше кој да биде надгласан. Гласаа оние од парламентарното мнозинство, а „етничките Македонци“ едноставно си заминаа.

Не гласаа ниту против, како што многумина од оние надвор очекуваа дека ќе гласаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот