Франција, Белгија, Холандија и Германија ќе преземат поригорозни мерки против групите за трговија со луѓе

мигранти ламанш
Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Во Кале на вчерашниот вонреден самит, Франција, Белгија, Холандија и Германија се согласија да преземат поригорозни мерки против групите за трговија со луѓе, кои дејствуваат на Ламанш.

– Велика Британија мора да создаде легални миграциски канали за бегалците, нагласи францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин по средбата.

Тој додаде дека Лондон, исто така, мора да им отежне на бегалците да најдат работа во сива економија.

Пред неколку дена 27 лица се удавија во Ламанш додека се обидуваа да стигнат до Велика Британија.

Франција ја повлече својата покана до Велика Британија да присуствува на состанокот по дипломатскиот конфликт што започна откако британскиот премиер Борис Џонсон го објави писмото што го испрати до францускиот претседател Емануел Макрон.

Една од предложените мерки за одвраќање на илегалните мигранти кои сакаат да го преминат Ламанш и нивно враќање во Франција предизвика особено незадоволство во Париз.

Дарманин нагласи дека сака да се консултира со неговата британска колешка Прити Пател.

– Сакаме да работиме со Британците, Британците се наши сојузници, додаде тој, но нагласи дека Франција не сака да биде заложник на британската внатрешна политика.

Францускиот министер за внатрешни работи најави и дека од почетокот на следниот месец европската гранична служба Фронтекс ќе обезбеди авион за следење на бреговите на Франција, Белгија и Велика Британија.

Тој, исто така, изрази сочувство за тешкотиите со кои се соочуваат бегалците, нагласувајќи ја хуманитарната важност на операцијата на крајбрежјето.

– Француската полиција сака да спаси животи спречувајќи ги да се обидат опасно да го преминат Ламанш, посочи Дарманин.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот