ФОТО+ВИДЕO: Кахраманмараш „збришан“ од лицето на земјата, километарски расцепи на земјата, во Турција над 50.000 уништени згради

Фото: EPA/EFE / YAHYA NEMAH

Под урнатините во Турција и Сирија се откриваат сѐ помалку живи луѓе, но и покрај тоа, спасувачите продолжуваат со деноноќната работа, во надеж дека
ќе успеат да спасат уште некој живот. По десет дена од катастрофалниот земјотрес кој однесе преку 40.000 животи, шансите за преживување се многу мали.

Сликите од разурнатите градови се траорни. На социјалните мрежи се појавиија две фотографии од градот Кахраманмараш, пред и по земјотресот, каде може да се види размерот на уништувањето. Поголемиот дел од Кахраманмараш е во урнатини, прекриен со шут од паднатите згради.

Во друга објава пак, видео снимки од околината на Кахраманмараш покажуваат големи расцепи и кратери на земјата, претежно на земјоделска површина.

Денеска турските власти соопштија дека вкупно 50.576 згради биле урнати или сериозно оштетени по двата разорни земјотреса минатата недела, јави ДПА.

Во извештајот на турското Министерство за урбанизам се наведува дека сите тие опасни градби мора итно да се отстранат.

Досега, властите проверија над 387.000 згради во десетте погодени окрузи во југоисточна Турција. Најмногу објекти што треба итно да се урнат има во градот Газиантеп – речиси 12 илјади. Следува Хатај со 10.911 и Кахраманмараш со 10.777.

Двата разорни земјотреса на 6 февруари беа проследени со 3.858 последователни потреси со интензитет поголем од 5 степени според Рихтеровата скала, соопшти турската цивилна одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот