Тинејџер од Јоркшир приведен за обид за убиство откако повреди тројца ученици

Полиција Британија / Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Едно 17-годишно момче е уапсено под сомнение за обид за убиство, откако три лица беа повредени во средно училиште во Јужен Јоркшир, пренесе ДПА.

Едно дете било нападнато, а двајца возрасни се здобиле со полесни повреди во инцидент што се случил утрово во Академијата Бирли во Шефилд.

Полицајците од Јужен Јоркшир дошле местото на настанот откако одговориле на пријава за „инцидент со остар предмет во училиштето“ на Бирли Лејн.

Училиштето соопшти дека било затворено по инцидентот и дека „сите ученици и персонал се безбедни“ и никој не бил пренесен во болница.

Седумнаесетгодишно момче е уапсено под сомнение за обид за убиство и останува во полициски притвор.

Портпаролот на полицијата рече дека полицијата ќе остане на местото на настанот во текот денот за да ја гарантира безбедноста на оние во училиштето и локалната заедница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот