ФОТО+ВИДЕО | „Македонски лавици“: Трифун Костовски запеа на јубилејната забава на „Кометал Ѓорче Петров“

трифун костовски
Дел од атмосферата на јубилејната забава / Фото: Фејсбук / Трифун Костовски

Пред 20 години на 19 мај женскиот ракометен клуб „Кометал Ѓорче Петров“ ја освои европската титула во женската Лига на шампиони. Токму тој јубилеј била причината за мала прослава во кругот на најблиските пријатели на тогашниот спонзор на клубот, Трифун Костовски и дел од екипата која ги победи „Херц“ и ја освои титулата.

На забавата присуствуваше поголемиот дел од тимот „Кометал Ѓорче Петров“ како Иван Бојков, Владимир Радиќ, Лидија Аџиевска, Наталија Тодоровска, Милева Велкова, Анжела Платон, Елена Златановска, Андријана Будимир, Мирјана Чупиќ  и други. Тие заедно со Костовски во еден глас ја пееле химната на клубот „Кометал Шампионе“ како и „Како је добро видети те опет“ која стана дел од традицијата на клубот и се пееше по секоја нивна победа. На забавата по повод јубилејот беше и поранешниот голман на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски.

Трифун Костовски истакна дека овој клуб ја заслужува сета поддршка со што се испраќа порака дека Ѓорче Петров и понатаму живее во срцата на верните навивачи.

„Благодарам до раководството на Ракометната Федерација на Македонија што дозволи да ги пренесеме освоените титули и пехари на денешниот Ѓорче Петров ЖРК. Порака до ракометарките – бидете лавици на терен, а дами во секојдневието“, истакна Костовски.

Забавата продолжила со песни на легендарните Бјело Дугме, на која се играло, пеело и наздравувало во чест на јубилејот од победата на Кометал. Понесен од емоциите, за микрофон се фатил и Костовски и ја отпеал „Ако одам во Битола“.

Трифун Костовски вчера на својот фејсбук-профил сподели дел од атмосферата.

„Почитувани пријатели, би сакал со вас да споделам дел од атмосферата од вчерашната прослава по повод јубилејни 20 години од освоената титула Европски првак во женскиот ракомет на Ракометниот клуб Кометал-Ѓорче Петров. И по цели 20 години, исто како и тогаш, пеевме, танцувавме, наздравуваме и споделувавме сеќавања, навраќајќи се на оној континентален успех кој го постигнаа нашите ракометарки, нашите македонски лавиц“, напиша тој во описот на фотографиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот