ФОТОГАЛЕРИЈА: Граѓаните им оддаваат почит на жртвите од терористичкиот напад во Москва

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Бројот на загинати во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 93, јавија руските медиуми. Во меѓувреме, приведени се четворица директни учесници во нападот, соопшти прес-службата на Кремљ.

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Бројот на повредени во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва се зголеми на 145, соопшти Министерството за здравство на Московската област.

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Територијата околу концертната сала сè уште е опколена, јавија денеска руските медиуми.

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Областа во која се наоѓа концертната сала е оградена од полиција, а во близина на зградата се стационирани неколку противпожарни возила. Внатре работат спасувачи и истражители.

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Нападот се случи кога неидентификувани маскирани лица синоќа отворија оган во концертна сала „Крокус“ во Красногорск, административен центар на московската област.

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Терористичката група Исламска држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за нападот во Русија, се вели во кратката изјава објавена од новинската агенција Амак, поврзана со ИСИС, на Телеграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот