ФОТО | Звучни имиња, една сцена – Бока Конга, Таско и Чода одат заедно на едномесечна турнеја

После долг период музичарите повторно се враќаат на сцената. Изминатиот викенд се отвори сезоната и конечно чукна конгата на Бока. Велат, каде е забавата таму е и кралот на латино музиката, па од таа причина го прашавме токму него, како реагираат луѓето на музиката и дали знаат да се забавуваат на истиот начин како претходно?

ФОТО: Приватна архива

„Искрено овој период мислам дека нè промени сите на некој начин, се надевам повеќето на подобро. Кога станува збор за тоа како било порано и како е сега, секако дека има промена. Луѓето се желни за забава многу повеќе од претходно, но сепак се осеќа стравот во начинот на кој се забавуваат. Чувството да се вратиш на сцена после навистина долг период е чудно, баш поради ова погоре. Мене, како артист ми е должност да ја направам атмосферата забавна и позитивна, но секако тука голема улога игра и публиката. Едно е јасно, на сите ни фали забава“, ни одговори Бока.

Пред извесно време се крена голема „фама“ околу гостинот на Бока Конга, кој воедно важи за еден од најпознатите јутјубери на Балканот – Данило Бадњар, познат како Чода. Исто така, на фотографиите кои ги споделија на социјалните медиуми можевме да го забележиме и Таско во нивно присуство. Која беше причината за оваа посета и поводот на оваа дружба?

ФОТО: Приватна архива

Имавме навистина доволно време  да креираме новитети за иднината така што, еве, дел по дел да ги реализираме. Главната причина што Чода беше мој гостин е тоа дека после долга пауза од настапи, летово, односно јули, одиме на едномесечна турнеја во Турција со „wondercamp“. Идејата е да има многу забава и дружење, секако според пропишаните протоколи. Ќе настапуваме Јас, Таско и Чода, според мое мислење, може малку ќе звучи нескромно, ама одлична „спојка“. Спремни сме на публиката да ѝ понудиме одлична програма во различни стилови и сигурен сум дека тоа ќе биде вистински спектакл“, ни открива Бока и продолжува:

Навистина најмалку што сакам да правам во животот е да спијам. Некако се навикнав на ова темпо од 4/5 часа спиење на ден и одлично се чувствувам „засега“. Ноќта генерално ја користам да го активирам мозокот и да ставам акцент на нови работи кои допрва доаѓаат, но и за пронаоѓање начин и решение за секој проблем, од малкуте што ги имам, хехехехе. Мене ми е најбитно што знам дека за секој проблем постои решение, и дека ама баш ништо не може да ме сруши. Затоа и често си го поставувам прашањето, што следно? – Следно е до следното видување”, низ насмевка  споделува тој.

Епа, до следно видување, а до тогаш многу забава, многу насмевки и помалку часа поминати во спиење!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот