ФОТО | Викторија Бекам или снаата: Која има поубав фустан?

Instagram
Instagram

Викторија и Дејвид Бекам престојуваат со своите деца во Мајами, каде, според странските медиуми, тие ја дочекале Новата година со семејството на Николин Пелтц, свршеница на нивниот најстар син Бруклин. Тие таму го прославија и 26-от роденден на Никол, а Викторија упати и честитка до идната снаа преку нејзиниот инстаграм – профил.

Познатата поранешна „спајсица “, а денес почитувана дизајнерка, Викторија Бекам објави фотографија на нејзиниот инстаграм – профил на која позира со Николин, сопругот Дејвид и синот Бруклин.

Instagram
Instagram

„Среќен роденден, Николин, многу те сакаме, бакнежи од сите нас“, напиша таа покрај фотографијата на која и таа и идната снаа носат летни фустани, што доведе до вистинска мала пресметка меѓу обожавателите – чив фустан е поубав?

За оваа пригода, Викторија остана верна на минималистичката варијанта и избра едноставен макси црн фустан со тенки прерамки, а фустанот го прават посебен ефективните џебови.

Николин Пелтц блескаше во жолт фустан со карнери кои убаво паѓаат по телото. Русокосата убавица фустанот го комбинираше со беж сандали со високи потпетици.

Не е лесно да се одлучи чиј фустан е поубав, а вашето мислење можете да го оставите во коментар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот