ФОТО+ВИДЕО: Моќно аудио визуелно доживување – три наградени изложби во Мала станица

Фото: Национална галерија на Македонија

Мултимедијални дела од визуелниот уметник Дарко Комненовиќ се изложени во Националната галерија, објект Мала станица. Се работи за специфични визуелизации кои се изработени во различни материјали и медиуми. Ласер, видео проекции и звучни инсталации се дел од поставката. Авторот го истражува поврзувањето на видео, звук и материјали кои во симбиоза прават дело.

Фото: Национална галерија на Македонија

Концептуалниот дел на авторот, неговата идеја, креација и уметнички израз се вметнати во „Уметничките забелешки“ кои се составен дел од поставката насловена „Капсид i²0“.

Фото: Национална галерија на Македонија

Проектот е избран од меѓународната комисијата во состав: Мишко Шуваковиќ – декан и професор на докторски студии по трансдисциплинарна и трансмедијална уметност при Факултетот за медија и комуникации при Универзитетот „Сингидунум“ од Белград, Роман Урањек, уметник и член на групата IRWIN и Арта Агани Буњаку, ликовен уметник, наведуваат дека проектот  „Капсид i²0 “,  е „одличен пример за тековниот уметнички и естетски одговор на противречностите, антагонизмите и отуѓувањата својствени на глобалната пандемија на Ковид 19“.

Уметникот луцидно го покажа потенцијалот за трансформација на модерното општество и важните односи меѓу поединци и односи меѓу поединци и колективи, поединци и институции и институции и институции. Комненовиќ предложил сложени човечки, политички, комуникациски и, со тоа, когнитивни процеси, ефекти и ситуации кои се испровоцирани човечката состојба во кризни пандемски моменти. Авторот ги посочува односите меѓу два важни модалитети на ова дело: ликот на склопување на традиционални и модерни материјали / медиуми и ликот на временската капсула. Предвидената поврзаност на дигиталниот и конкретното материјално со формите на човечкиот живот отвора простор за тестирање на нашата сопствена индивидуална и колективна модерност. Проектот го заслужи вниманието со својата актуелност, хибриден материјал, медиумска сложеност и суштински егзистенцијален ангажман, пишува комисијата.

Фото: Национална галерија на Македонија

Дарко Комненовиќ како визуелен уметник работи во контекст на пост-скулпторско дело. Неговите истражувања и конструкции ги поврзуваат скулпторските, амбиенталните и технолошките влијанија, односно работи со хибридизирани односи на просторот, перцепција, комуникација и когнитивно мапирање на визуелните ефекти. Кураторот на изложбата  е Горанчо Ѓорѓиевски.

Фото: Национална галерија на Македонија

Покрај овие дела во Национална галерија, објект Мала станица, до 10 јануари идната година ќе бидат изложени „Нови пејзажи – архив на реалноста“ на Роберт Јанкулоски како победник на Конкурсот за зрел уметник и „Сеништа“ на Викторија Попоска која како и Комненовиќ победи во категоријата за млади творци.

Изложби во Мала станица на добитниците на конкурсот на Национална галерија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот