8 C
Скопје

Изложби во Мала станица на добитниците на конкурсот на Национална галерија

Уметниците Роберт Јанкулоски, Дарко Комненовиќ и Викторија Попоска своите дела, создадени во рамките на конкурсите на Национална галерија за зрел уметник и млади уметници ќе ги претстават во објектот Мала станица од 10 декември 2020 до 10 јануари 2021 година, соопшти оваа национална установа од културата.

Изложбата „Нови пејзажи – архив на реалноста“ на Роберт Јанкулоски е победничкиот проект на Конкурсот за зрел уметник кој оваа година премиерно го објави Националната галерија на Република Северна Македонија. Неговиот предлог за изложба на Малата станица се однесува на соочување со моментот на свесност, живеење во историско време, време означено од Ковид.

Изложбата „ Капсид i²0 “ на Дарко Комненовиќ е еден од двата победнички проекти на Конкурсот за млад уметник. Комненовиќ е визуелен уметник кој работи во контекст на пост-скулпторско дело. Неговите истражувања и конструкции ги поврзуваат скулпторските, амбиенталните и технолошките влијанија. Предложениот проект „ Капсид i²0 “ е одличен пример за тековниот уметнички и естетски одговор на противречностите, антагонизмите и отуѓувањата својствени на глобалната пандемија на Ковид 19. 

Прочитајте и...  Скопје ќе добие нов зелен простор во близина на МНТ

„СЕНИШТА“ е наслов на изложбата на Викторија Попоска, која исто така победи на Конкурсот за млад уметник. „СЕНИШТА“ претставува дел од еден цел проект кој се однесува на сé поактуелната светска стратегија за зачувувањето на планетата Земја.

Почитувањето на протоколите за заштита на јавното здравје и понатака остануваат задолжителни, потсетува Национална Галерија.

 

Поврзани вести

Српскиот воен синдикат добил поплаки од војници кои тврдат дека командантите ги тераат да се вакцинираат

Слободен печат

Конечно е постигнат напредок на средбата на македонско-бугарската Комисија за историски прашања

Слободен печат

Средба на пратеникот Мицевски со евроамбасадорот Гир

Слободен печат

Захарова: Москва е подготвена за продолжување на договорот СТАРТ со Вашингтон

Слободен печат

Жена фрлила отпушок од автомобил во Виена, па заработила казна од 450 евра

Слободен печат

Апсење во Црна Гора: Уапсен убиецот на Шарац од криминалната група„Пинк Пантер“

Слободен печат

Остави Коментар