ФОТО | Уште „пожешка“: Ирина Шајк само во градник, гаќи и дијаманти на црвениот тепих во Кан

Фото: Toulouse / Goff Photos / Profimedia

Светскиот супермодел Ирина Шајк повторно во смело издание на Канскиот филмски фестивал. 37-годишната манекенка излезе облечена само во долна облека и дијаманти на забавата организирана од британски „Вог“ и „Шопард“.

Шајк ги воодушеви присутните во црн сет на градник и гаќички, кои ги искомбинира со ракавици, проѕирен комбинезон, високи чорапи и потпетици. Изгледот го заокружи со драматичен дијамантски ѓердан.

Фото: Toulouse / Goff Photos / Profimedia

Пред да влезе внатре, Шајк носела црни очила за сонце, а откако влегла облекла црно палто.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ICONIC (@iconic_foryou)


Ирина остава уникатен моден печат за време на нејзиниот престој во Кан. Кога присуствуваше на премиерата на „Killers of the Final Moon“ во саботата, таа носеше сина тоалета на „Армани“ со длабоко деколте.

На премиерата на „Firebrand“, пак, се појави во креација на „Мовалола“ со горен дел составен од две ленти преку нејзините гради, гол стомак и ниско здолниште до подот.

Фото: Инстаграм/ Ирина Шајк

ФОТО | Голотија и гламур во Кан: Ирина Шајк со две ленти на градите, Џиџи Хадид елегантна

ВИДЕО | Леонардо Дикаприо и Ирина Шајк повторно забележани заедно: Дали се работи за нова љубов?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот