ВИДЕО | Леонардо Дикаприо и Ирина Шајк повторно забележани заедно: Дали се работи за нова љубов?

Фото: Profimedia

Помалку од 24 часа откако беа фотографирани на забавата на Коачела, актерот Леонардо Дикаприо и манекенката Ирина Шајк беа заедно за да го гледаат настапот на Френк Оушн во неделата навечер.

Дуото очигледно дошло заедно на концертот, пишува „Пејџ сикс“ каде се дружеле со поголема група луѓе, меѓу кои и манекенката Стела Максвел. Ирина и Леонардо неколкупати беа фатени во интимен разговор, што беше доволно за многумина да се запрашаат дали се работи за нова љубов.

Претставниците на Шајк и Дикаприо не одговорија на прашањата на „Пејџ сикс“ за нивната релација.

Познатата манекенка беше во врска со актерот Бредли Купер, со кого ја има шестгодишната ќерка Леа Де Сејн Шајк Купер, но се разделија во 2019 година.

Кон крајот на годината се шпекулираше дека Бредли и Ирина се обидувале да ја обноват емотивната врска и да зачнат второ дете на семејно патување, бидејќи би сакале малата Леа да има брат или сестра. Покрај шпекулациите, се чини дека второто бебе не е на пат, иако и двајцата остануваат во пријателски односни поради нивната ќерка.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Што се однесува до Дикаприо, тој се раздели од својата долгогодишна девојка Камила Мороне минатото лето по четири години врска, откако таа наполни 25 години.

Оскаровецот оттогаш го поврзуваа со 27-годишната манекенка Џиџи Хадид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот