ФОТО | Голотија и гламур во Кан: Ирина Шајк со две ленти на градите, Џиџи Хадид елегантна

Фото: Профимедиа

Во ноќта посветена на гламурот на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, неизбежно беше водечките дами во модната индустрија да бидат во центарот на вниманието.

Ирина Шајк , Џиџи Хадид и Наоми Кемпбел се појавија пред првата официјална филмска проекција вечерта.

Алиша Викандер беше уште едно пријатно изненадување на црвениот тепих, појавувајќи се во прекрасна тоалета на „Луј Витон“, додека ги поздравуваше присутните на француската ривиера.

Ирина Шајк доминираше со прилично смела крација, која го откриваше горниот дел на нејзината позната витка фигура додека ги поздравуваше фотографите во неделата навечер. Манекенката го надополни својот изглед со припиено здолниште со низок струк и блескав масивен ѓердан.

Џиџи Хадид, се одлучи за елегантна тоалета од „Зак Позен“ со карактеристичен силуета крој, со што даде акцент на нејзината витка фигура, притоа целосно изложувајќи го блескавиот дијамантски ѓердан од Месика, што беше највпечатлив додаток.

Во режија на Карим Аинуз, филмот „Firebrand“ ја имаше својата прва официјална проекција, влегувајќи во конкуренција за престижната Златна палма на годинешната церемонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот