ФОТО: Уште од почетокот на пандемијата ја носи маската на секој натпревар!

Фото: twitter.com/brfootball

Воглавно гледаме фудбалски, спортски натпревари како играчите се натпреваруваат без маски на лицето, но има и мечеви во кои учесниците се обидуваат да ги почитуваат мерките, со цел да се спречи ширењето на ковид-19, и на терените.

Тоа се случи синоќа на дуелот од КОНКАКАФ Лигата на шампионите помеѓу екипите на Олимпија (Хондурас) и Монтреал импакт (Канада).

Во центарот на вниманието беше фудбалерот на Олимпија, Џери Бенгтсон, кој излезе на теренот со заштитна маска. Иако многумина помислија дека ќе ја симне маската која ја имаше на лицето, но тоа не се случи.

Бенгтсон ја одигра целата средба со маската и тоа очигледно не му создаваше толку проблеми кога е во прашање дишењето. После натпреварот, тој им објасни на играчите дека носи маска бидејќи не сака да биде заразен со коронавирус и со намера да го заштити своето семејство.

А воедно тоа не е чудно за тимот од Хондурас бидејќи Бенгтсон носи маска уште од почетокот на пандемијата и тоа не му пречи да покажува добри игри и да постигнува голови за Олимпија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот