ФОТО | Страсни бакнежи на новиот пар во Холивуд: Кајли Џенер и Тимоти Шаламе заедно на „УС Опен“

Фото: X/ BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Неодамна Кајли Џенер беше „уловена“ како разменува нежности со новиот дечко, актерот Тимоти Шаламе на концерт на Бијонсе во Лос Анџелес.

Фото: X/ 21metgala

Овојпат реалити ѕвездата беше фотографирана во друштво на актерот, на финалниот натпревар по тенис на „УС Опен“ меѓу Новак Ѓоковиќ и Данило Медведев. Славниот пар повторно беше „уловен“ како разменува нежности и страсни бакнежи, пишува „Пејџ сикс“.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Парот кој ја изненади јавноста, бидејќи изгледа како сосема „некомпатибилен тандем“, не можеше да ги задржи страстите за време на целиот натпревар. Двајцата фотографирани во лежерни комбинации, со овие моменти на нежност, изгледа сакаа дополнително да ја потврдат својата врска.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Да потсетиме дека за Тимоти и Кајли првпат се зборуваше во април, но тие наводно започнале да се гледаат во јануари, кога и двајцата присуствувале на ревијата на Жан Пол Готје. Оттогаш честопати беа забележани од папараци фотографите, како престојуваат во своите домови.

ВИДЕО | „Поважно ми е да бидам здрава“: Селена Гомез одговори на критиките за вишокот килограми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот