ФОТО: Стилот на Џил Бајден – секоја жена може да го „носи“ во секоја прилика

Instagram
Instagram

Новата прва дама би била прва што ќе ja задржи платенатa работа надвор од нејзината институционална улога. Избор во согласност со нејзиниот карактер. Тоа пак, покажува колку Џил Бајден е постојана во својот стил, што јасно му објаснува на светот која е таа.

Џил и Ешли Бајден на 88-та церемонија на доделување Оскари во Долби театарот во Холивуд February 2016. EPA/MIKE NELSON

Со изборот на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави, две новости пристигнаа во Белата куќа: не само што пристигна првата жена потпретседател Камала Харис, туку и првата вработена прва дама.

Profimedia

Џил Бајден е професорка по англиски јазик на колеџот во Северна Вирџинија, и во моментот изгледа дека не е подготвена да ја напушти својата кариера за да се посвети исклучиво на улогата на прва дама. За време на Демократската конвенција, нејзиниот сопруг рече: „Наставата не е она што ја прави Џил, туку таа е тоа што е Џил“, а од Си-ен-ен е веќе наречена „Професор Флотус“.

Instagram
Instagram

Џил Бајден не ја напушти својата професорска работа ниту во годините на администрацијата на Обама, кога таа беше втора дама. Покрај тоа, таа е активно вклучена во разни општествено-образовни проекти, предава предмет Имигранти и бегалци, одржува состаноци и конференции во академската сфера, и е есеист. Накусо, Џил Џејкобс Бајден е прва дама што работи и надвор од Белата куќа и прва во ваква улога што зема плата без оглед на позицијата. Според многумина, ќе биде тешко да се усогласат наставата со обврските на Флотус (кодно име за дефинирање на прва дама, Фрст лејди оф Јунајтед Стејтс), но таа, до денес, нема намера да се откаже од професорската професија.

Instagram
Instagram

„Сакам луѓето да ја препознаат вредноста и придонесот на наставниците, сакам да ѝ дадам видливост на професијата“, рече Џил Бајден во едно неодамнешно интервју. Оваа мисија за Џил започна уште за време на предизборната кампања, кога за време на виртуелната Демократска конвенција, Џил го одржа својот говор од празната училница на средното училиште во Делавер, каде што предаваше до пред ковид-кризата.

Instagram
Instagram

Тоа беше моќна слика, со која ја стави во центарот на вниманието потребата за управување со здравствената криза и истовремено ја нагласи темата на образованието. По тој повод, голем дел од јавноста го забележаа изборот на облеката што ја носеше: зелен фустан во војничка нијанса со три-четвртини ракави, со миди должина, од марката „Брендон Максвел“. Токму овој избор јасно ја отслика како жена со „нозете на земја“, чиј стил ја истакнува можноста да се меша со „нормалните“ луѓе и со „реалниот живот“.

EPA-EFE/DNCC

Облека што една наставничка навистина може да ја носи на училиште, како што се и сите други модни избори на Џил – комбинации на сако и здолништа или блејзери и панталони, деловни фустани, кои се најчесто еднобојни, со класични кроеви, апсолутно носливи. Секогаш елегантни, „вкусни“, умерени, но и облека која секоја жена може да ја носи во формален контекст.

Строга наставничка, подготви се да учиш!“, гласат коментарите на нејзините ученици на веб-страницата на училиштето.

Ако станам прва дама, нема да престанам да си ја работам работата, можам да бидам важна поддршка за наставниците“, рече таа во интервју за Си-би-ес во август минатата година.
Првата анализа на стилот на Џил се однесуваше на говорот на денот на победата, кога таа носеше асиметричен фустан со цветен принт од „Оскар де ла Рента“, избор што се смета за интересен од повеќе причини: првата, најизразена, е дека е омилена марка на првите дама, затоа што ја сакаа и Џеки Кенеди и Ненси Реган, симбол на американскиот стил, елегантна, но не премногу наметлива креација.

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден со сопругата Џил се обратија до јавноста од Вилмингтон / 3 ноември 2020 / Делавер, САД / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO
Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден со сопругата Џил се обратија до јавноста од Вилмингтон / 3 ноември 2020 / Делавер, САД / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Второ, затоа што потсетува на изборот на Мишел Обама, која за сличен настан во 2008 година избра фустан од Нарцисо Родригез, кубански дизајнер кој го оствари својот американски сон исто како Доминиканецот Оскар де ла Рента. Стилот на Џил Бајден е патриотски, но има и освежувања со модерни, италијански елементи, а и ова не е случајно, сметајќи на нејзините италијански корени. Меѓу омилените нејзини италијански брендови е „Долче и Габана“, чии креации одбра за неколку работни состаноци во кампањата на нејзиниот сопруг, но и за вечерта на нивната последна пресметка со Доналд Трамп, во комбинација со соодветна заштитна маска. Омилени обувки ѝ се патиките и класичните салонки со ниска потпетица, но има и еден пар „Валентино Рокстанд“, кој веќе го покажа двапати.

За разлика од Меланија Трамп, која пред да пристигне во Белата куќа беше позната по 24-каратни фотосесии во пентхаусот „Трамп тауер“, Белата куќа се подготвуваше да ја пречека работната жена, која сака да продолжи да биде практична и како нова Флотус. Па, очигледно е дека од наставничката професија таа ќе биде инспирирана и кога ќе треба да го наполни својот нов плакар во Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот