ФОТО | Снежана Лупевска го прослави својот 49-ти роденден: Релаксирана и среќна со синчето во прегратка

Снежана Лупевска/Фејсбук
Фото: Принтскрин /Фејсбук

Снежана Лупевска е една од најпознатите новинарки во македонскиот медиумски простор, жена која храбро отвора теми за кои многумина не би се осмелиле. Таа вчера, на празникот Водици го прослави својот 49-ти роденден, во семејна топла атмосфера.

На својот фејсбук-профил, сподели фотографија на која е прегрната со својот петгодишен син Микаил, во празнично, опуштено издание и напиша:

„Ви благодарам на сите за убавите честитки. Да сме живи и здрави и да си честитаме уште многу години“

Со торта со свеќички со бројките 49 и чаша вино, Снежана го прослави својот роденден, а на објавата доби многу честитки и од своите пријатели и соработници.

Среќен роденден, Снежана!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот