ФОТО: Силна експлозија на гас во Филаделфија урна неколку куќи, целата населба се тресела

Фото: Твитер

Експлозија на гас што ја потресе населбата Порт Ричмонд во Филаделфија, град на североистокот на САД, предизвика уривање на две куќи и загрозување на структурата на трета зграда, соопшти локалната полиција.

Експлозијата одекнала околу 2:30 часот, јави Си-Би-Ес.

Фото: Твитер

„Тоа беше како видео игра. Урнатини насекаде. Целата куќа спроти нас беше урната. Некако истрчавме таму и се уверивме дека се е во ред. Ги отстранивме урнатините и се погриживме сите да излезат. Малку е страшно затоа што никогаш не знаеш што може да најдеш, изјави очевидец од соседството.

Полицијата потврди дека три лица се пренесени во болница. На снимките од местото на настанот објавени на Твитер се гледа степенот на несреќата, а сведоци од соседството потврдија дека од силината на детонацијата целата населба се тресела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот