ФОТО: Ромите не се вреќи за боксирање – стоп за насилството врз Ромите

Насилството врз Ромите во Битола помалку или повеќе со години се провлекува и е присутно во јавноста без да има сериозни реакции на надлежните институции. За жал последните напади во изминатите 2-3 месеци, во кои без особена причина брутално беа претепувани припадници на ромската заедница, беа направени од страна на униформирани полициски службеници на должност од полициската станица Битола. Тоа е непростливо и не треба да се премолчи! Секој граѓанин треба да го осуди и да се бори против ваков тип насилство!

Оваа акција има за јавно да проговори и да ја потсети јавноста на овие проблеми од кои најголем број сеуште немаат разрешница. Битола е еден од градовите во Македонија со највисок процент на насилство врз Ромите кои се жртви не само на полицијата, туку и на многумина локални насилници кои својот бес и фрустрации секојдневно ги истураат на нашите сограѓани Роми. Акцијата се состои од десетина вреќи за боксирање поставени во јавен простор во градот во близина на места каде се случија последните инциденти.

На вреќите како и на неколку слични реквизити, налепници и банери се испишани пораките: Ромите не се вреќи за боксирање и стоп за насилството врз Ромите. Со оваа акција сакаме во локалната јавност да го потенцираме овој проблем за кој нерадо се зборува, а кој со години фрла темна сенка и срам врз Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот