ФОТО | РФМ: Ви благодариме на хуманоста, Македонија покажа дека има големо срце

фото: Ракометна федерација на Македонија

Ракометниот спектакл им припадна на помладите, а победник беше само Македонија. На најдобар можен начин Ракометната федерација на Македонија го организираше „Мечот на деценијата“ во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје пред 6.000 гледачи на трибините.

Приходите од продажба на билетите ќе бидат наменети за СОС Детско село.

Ракометната федерација на Македонија им се заблагодарува на сите за хуманоста.

– На сите 6000 присутни во арената „Борис Трајковски“. ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ХУМАНОСТА! Македонија покажа дека има големо срце! – објавија од РФМ.

Стручниот штаб и РФМ на висина на задачата, легендите на македонскиот ракометен беа поздравени почесно. Црвени или жолти: срце на терен!! ЗА МАКЕДОНИЈА!!

фото: Ракометна федерација на Македонија
фото: Ракометна федерација на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот