ФОТО | Прво огласување на принцот Вилијам откако Кејт Мидлтон откри дека има рак

Фото: Profimedia

Првата порака на инстаграм-профилот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам е објавена денеска, откако принцезата од Велс на 22 март соопшти дека има рак.

Ова се смета за прва јавна објава на принцот од Велс по неубавата вест, а еве ја пораката што ја испрати на страницата која инаку е нивни заеднички профил.

„Ви благодарам за толку многу незаборавни игри“, објавено е на инстаграм-приказната на профилот на принцезата и принцот од Велс, а пораката е упатена до англиската фудбалерка Рејчел Дејли, која денеска соопшти дека повеќе нема да игра за репрезентацијата на својата земја, нагласувајќи дека тоа било тешка одлука, како и дека би го носела дресот цел живот, доколку тоа е можно.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

И покрај тоа што е во прашање заеднички профил, за пораката се пишува како за огласување на принцот Вилијам, бидејќи Кејт Мидлтон е во процес на лекување.

Принцот Вилијам продолжи да ги извршува службените обврски додека во семејството трае двојна криза поради здравствените проблеми на неговата сопруга и кралот Чарлс кој, исто така, се бори со ракот.

Се верува дека Кејт Мидлтон би можела да се врати на службените должности кога ќе ѝ дозволи здравствената состојба, но тоа нема да претставува нејзино враќање на работа. Принцот Вилијам, кој ги поминува велигденските празници со сопругата и децата Шарлот, Џорџ и Луис, по таа пауза би требало да им се врати на јавните ангажмани.

Кејт Мидлтон и Вилијам се големи љубители на спортот, а тој и принцезата Шарлот претходно јавно ги бодреа англиските фудбалерки на важно натпреварување.

Во 2022 година, англиските фудбалерки станаа европски шампиони за првпат во историјата, откако ја победија германската репрезентација во финалето на стадионот Вембли во Лондон. Трофејот им го врачи принцот Вилијам, кој со својата ќерка принцезата Шарлот Елизабет Дијана ѝ испрати силна поддршка на репрезентацијата на Англија на денот на финалниот натпревар.

Да потсетиме, лекувањето од рак на Кејт Мидлтон трае од крајот на февруари, на 16 јануари таа имаше голема операција на абдоменот во приватна лондонска болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот