ФОТО | По исмевањето на неговиот изглед на јахтата, Илон Маск ослабе 10 килограми

Фото: Принтскрин/Твитер/Профимедиа

Најбогатиот човек на светот Илон Маск кон средината на минатиот месец пловеше на јахта околу грчкиот остров Миконос со уште неколку пријатели, а фотографиите направени од папараците се проширија на социјалните мрежи.

Милијардерот инстантно стана предмет на потсмев поради својот изгледа, па почнаа да го навредуваат поради неговата линија, но и поради бојата на кожата. Тие напишаа дека „Маск не се сончал со години“ и дека „изгледа како тесто“.

Маск сега откри дека ослабнал 10 килограми недолго откако беше снимена на јахтата без маица.

„По совет на добар пријател, периодично бев на фастинг (пост) и се чувствувам поздраво“, напиша Маск на Твитер.

Фото: Профимедиа

Маск ја спомнал неговата употреба на фитнес апликацијата „Зеро“ и ја опишал како „прилично добра“.

Апликацијата се наплатува како ресурс за корисниците да ја „отклучат моќта на повременото постење за ги изгубите килограмите и за подобрување на вашето метаболичко здравје“.

Во твит до друг следбеник, Маск рекол дека тој, исто така, „малку“ крева тегови.


Маск предизвика бурни реакции на социјалните мрежи во јули, откако на фотографиите се гледа како сопственикот на „Тесла“ изгледа како „тесто“ додека се релаксира на луксузна јахта со Ари Емануел, извршниот директор на една од најважните холивудски агенции за таленти„Endeavour“ и неговата нова сопруга Сара Стаудингер.

Маск се пишмани за купувањето на Твитер, авантурата може да го чини милијарда долари

Се огласи жената која Илон Маск му ја „украде“ на пријателот Сергеј Брин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот