ФОТО: Насилникот Бриџис кој ја претепа сопругата може предвреме да ја заврши НБА кариерата?

Мајлс Бриџис/фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Мајлс Бриџис би можел предвреме да ја заврши кариерата во НБА лигата откако беше уапсен бидејќи ја претепал сопругата.

Бриџис во средата беше уапсен во Лос Анџелес откако неименувана жена побарала болничка помош откако во вторникот расправијата прераснала во физички конфликт.

Станува збор за Мишел Џонсон која има две деца со НБА кошаркарот Мајлс Бриџис, а по насилничкото однесување Бриџис сам се пријавил во полиција и бил приведен, а откако платил кауција во висина од 130.000 долари бил пуштен да се брани од слобода.


Таа потоа на социјалните мрежи објави фотографија на која ги покажа повредите и модринките што ги добила од сопругот.

– Дозволив некој да ни го уништи домот, да ме малтретира на секој можен начин и да ги трауматизира нашите деца. Нема да дозволам некој што може да прави такви работи да не се кае. Нема да дозволам луѓето да ме замолчат и да го заштитат. Нема повеќе да молчи затоа што повеќе ги ценам моите деца отколку имиџот создаден во медиумите – напиша Мишел.

Претепувањето на сопругата му направи големи проблеми на кошаркарот кој повеќе од изгледно е дека следната сезона може да не игра во НБА лигата.

Соработката на Бриџис со Шарлот заврши и тој стана слободен играч. Управата на тимот најави дека нема да му понуди нов договор на Бриџис, а според медиумите во САД нема информации дека некоја НБА екипа е заинтересирана за него.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот