ФОТО | Најпосакуваниот белграѓанин: По улогата во „Тома“, жените лудуваат по синот на Тихи од „Отпишаните“

Фото: Инстаграм

Филмот „Тома“ убедливо е остварување кое ја освои публиката во регионот. Но, без разлика на тоа, имаше и критики за филмот, а една од најбурните ја имаше Радмило Арменулиќ, поранешниот сопруг на пејачката Силвана Арменулиќ, која наводно му била голема љубов на пејачот Тома Здравковиќ.

Радмило Арменулиќ во филмот го отелотвори Вукота Брајовиќ, синот на доајенот на филмските и телевизиските остварувања Воја Брајовиќ. Таа воедно беше и највпечатливите улоги во споменатиот филм.

Иако Вукота неколкупати се пробал во актерските води, на синот на прославениот Воја Брајовиќ тоа не му е примарно занимање, но со ова достигнување го привлече вниманието на јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vukota Brajovic (@vukotabrajovic)

На инстаграм-профилот на Вукота може да се видат фотографии од различни фази на неговото занимавање со манекенството и моделството, и тоа е теренот на кој најдобро се снаоѓа.

Судејќи по тоа што често е на најпознатите европски дестинации, како Рим, Париз или Сен Тропе, би се рекло дека Вукота Брајовиќ преку својата професија доста вешто го споил „убавото и корисното“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vukota Brajovic (@vukotabrajovic)

Вукота и неговата помлада сестра Искра, која завршила глума, се деца од првиот брак на Воја. Воја како момче ја запознал нивната мајка Љиљана во Ваљево, каде што живееле во непосредно соседство.

За неговиот емотивен живот не се знае многу, но факт е дека синот на Воја отсекогаш ја носел „титулата“ на еден од најпосакуваните белграѓани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vukota Brajovic (@vukotabrajovic)

Исто така, може да се забележи дека Вукота многу личи на својот славен татко.

Инаку, Воја Брајовиќ публиката најмногу го памети по легендарната улога на Тихи во култната серија „Отпишаните“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот