ФОТО | На годишнината од брак: Џеј Ло сподели досега невидени фотографии од венчавката со Бен Афлек

Џенифер Лопез и Бен Афлек
Фото: Instagram/ jlo

Џенифер Лопез (54) и Бен Афлек (51) ја прославија првата годишнина од бракот, пa познатата пејачка и актерка, на социјалните медиуми сподели емотивна порака за својот сопруг, пишува „Дејли мејл“.

Џенифер, се потсети на нивниот посебен ден и на својот Инстаграм профил сподели досега невидени фотографии од нивната венчавка на островот Хемптон, Џорџија, која чинеше 400.000 долари.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Драг Бен, седам овде сама и гледам во мојот прстен. Преплавена со емоции, сакам да пеам. Како стигнавме овде, без да гледаме назад. Ова е живот“, му ги посвети стиховите на Бен.

На фотографиите може да се забележи дека заљубениот пар уживал во секој момент од церемонијата, а на една од нив тие се бакнуваат, додека во позадина има огромен огномет.

Фото: Instagram/ jlo

Инаку, Џенифер и Бен се верија пред речиси 20 години, но тогаш нивната врска заврши, пред да стигнат до олтарот. Сепак, судбината повторно ги спои и сега уживаат во брачниот живот, иако од време на време папараците ги фаќаат во лошо расположение.

Фото: Instagram/ jlo

Тие двапати ја одржаа нивната венчавка. Првиот пат беше на 17 јули минатата година, во Лас Вегас во мала капела. Вториот пат кога го кажаа нивното судбоносно „да“,  беше на големиот имот на Бен во Џорџија. Гламурозната венчавка се одржа три дена, па Џенифер на тој начин смени три венчаници, сите дизајнирани од Ралф Лорен.

ФОТО | Ова е новата куќа на Џеј Ло и Бен Афлек: Чини вртоглави 60 милиони долари и има 24 бањи

ФОТО | Ова е новата куќа на Џеј Ло и Бен Афлек: Чини вртоглави 60 милиони долари и има 24 бањи

ВИДЕО | Вистински „џентлмен“: Бен Афлек ѝ ја тресна вратата од автомобилот на Џенифер Лопез

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот