ФОТО l Кисела вода под вода – дождот направи реки по улиците

Поплава во Кисела вода фото Фејсбук

Обилните врнежи од дожд во општината Кисела Вода улиците ги претворени во реки во периодот од 10.15 па до околу 11.00 часот каде интензивно врнеше на скопското подрачје. За кусо време се насобраа големи количества вода кои одводните шахти не можеа да ги исцрпат.

На социјалните мрежи граѓани споделуваа фотографии од своите улици и паркиралишта на кои се гледаа езерца од насобраната вода.

Метеоролозите најавуваат дека денеска во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено до пладневните часови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот