ФОТО | Кејт Мидлтон објави фотографија со своите деца по повод „Недела на мајката“:

Фото: Принтскрин - Инстаграм

По повод годишниот празник, кој е познат како „Недела на мајката“ и се слави во Велика Британија оваа година на 19 март, принцезата од Велс (41), сподели прекрасна фотографија на која позира нејзините три деца на заедничката страница на Инстаграм што ја споделува со сопругот принцот Вилијам.

„Среќен ден на мајката од нашето семејство до вашето“, напиша Кејт на објавата постирајќи и емотикон срце, на која се гледа како седи на дрво покрај принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

На фотографијата, направена од фотографот Мет Портеус, Кејт носи бела кошула, сини фармерки и бели патики.

Принцот Џорџ (9) е стилизиран од неговата мајка во сина поло маица и црни шорцеви, додека братот принц Луис (4) во поло маица со пруги и сини шорцеви. Принцезата Шарлот (7) е облечена во тексас фустан.


На втората споделена фотографија пак, Кејт може да се види како го држи принцот Луис во рацете додека му се насмевнува на своето најмало дете.

ФОТО | Која е Сара Роуз Ханбери, жената со која принцот Вилијам ја изневерил Кејт Мидлтон?

ВИДЕО | Кејт Мидлтон го удри принцот Вилијам по задникот

ФОТО+ВИДЕО | Готвењето не ѝ оди: Кејт Мидлтон правеше палачинки и ѝ се залепија на тавата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот