ФОТО | Која е Сара Роуз Ханбери, жената со која принцот Вилијам ја изневерил Кејт Мидлтон?

принц вилијам кејт мидлтон
Фото: Профимедиа

Испливаа заеднички фотографии од Кејт Мидлтон и наводната љубовница на принцот Вилијам.

Откако во февруари се појавија на црвениот тепих на доделувањето на БАФТА наградите, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се во фокусот на светските медиуми поради наводната љубовна афера на идниот крал на Британија, и тоа со поранешната најдобра другарка на Кејт.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам
Фото: Rogers George / Sipa Press / Profimedia

Веста за љубовницата на Вилијам за само неколку дена ја обиколи планатета, а гласините одат дотаму што светските медиуми пишуваат дека принцот го поминал Денот на вљубените со 39-годишната поранешна манекенка Сара Роуз Ханбери, маркиза од Чолмондели.

Сара е во брак со  маркизот Дејвид Чоломондели, кој е постар од неа 24 години и со него има три деца. Инаку маркизот Дејвид е стар пријател на кралското семејство и другар од детството на принцот од Велс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karmen Garcia (@garckarmen)

Фановите на интригите во кралското семејство се потрудиле да истражат во минатото, каде најдоа дека аферата датира уште од 2019, но кралското семејство ја искористило медиумската војна со Меган Маркл, за да ја прикрие аферата.

Во меѓувреме во јавноста повторно се појавија фотографии од настанот во 2016 година, на кои се гледаат двата парови заедно. Станува збор за хуманитарна гала вечера за помош на детска болница организирана од Чолмондели. На фотографиите јасно се гледа дека Кејт го нема вообичаениот опуштен израз на лицето. Фановите веднаш забележаа во коментарите дека таа изгледа многу бесно, додека однесувањето на Роуз е речиси покајничко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот