ФОТО+ВИДЕО | Готвењето не ѝ оди: Кејт Мидлтон правеше палачинки и ѝ се залепија на тавата

Кејт Мидлтон прави палачинки по повод Денот на палачинките / 21 февруари 2023 / Фото: Profimedia

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон била во посета на еден дом за стари лица во британскиот град Слау, по повод денот пред христијанскиот празник Чиста среда, кој во Велика Британија се нарекува Денот на палачинките.

Заедно со останатите готвачи во домот, принцезата се обидела да направи палачинки за пензионерите во домот и притоа многу се забавувала. Сепак, нејзиниот кулинарски обид не бил најуспешен – нејзините палачинки ѝ се залепиле на тавата, а не успеала ни да ги преврти најумешно.

Кејт Мидлтон прави палачинки по повод Денот на палачинките / 21 февруари 2023 / Фото: ROTA / Camerapress / Profimedia

Мидлтон открила дека и во нејзиното семејство ја негуваат традицијата на правење палачинки, која ќе ја продолжат и оваа година, заедно со сопругот Вилијам и трите деца – Џорџ, Шарлот и Луи.

„Палачинките ми се залепуваат или на тавата или на таванот, но децата се навистина добри и вечерва ќе правиме палачинки со нив“, рекла принцезата и признала дека правењето палачинки не ѝ е најјака страна.

Повеќе вести за Кејт Мидлтон:

Кејт Милдтон го донесе гламурот на БАФТА: Во „стар“ фустан и обетки на „Зара“

Храбра принцеза: Кејт Мидлтон влече гуми од по 20 килограми

Принцезата Катерина им оддаде почит на кралицата Елизабета и принцезата Дијана со прекрасната круна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот