ФОТО | Калиопи со честитка за Божиќ до сите нејзини фанови

Калиопи
Калиопи/Instagram

Поп дивата Калиопи Букле редовно споделува фотографии на својот инстаграм профил кога има повод да ги израдува или да ги поздрави своите фанови.

Овој пат, таа испрати божиќни честитки за сите што го слават празникот, со фотографија на која позира во празничен амбиент, со цвеќе и орнаменти. На објавата таа напиша:

„Среќен Божиќ на сите што го слават, многу љубов, мир, надеж за сите“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Таа сподели и „стори“ во кое им посакува на сите свои блиски да го слават празникот и сите денови што доаѓаат со цело срце, со надеж за поубава иднина.

Калиопи/Instagram
Калиопи/Instagram

Под фотографијата, фановите и вратија со убави зборови за благодарност:

„Ти благодариме Калиопи, наша кралице“

„Ти си секогаш толку внимателна… Голема почит до тебе“

„Фала ти Опи, ти си магија што секому му треба за Божиќ, те сакаме“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот