ФОТО | Игор Џамбазов слави роденден: На денешен ден пред 40 години станав полнолетен

игор џамбазов
Фото: Принтскрин / Instagram

Омилениот актер и шоумен на многу генерации, Игор Џамбазов денес го слави својот роденден.

Во негов стил, на својот инстаграм-профил сподели слика со едноставен дизајн „58“.

„На денешен ден пред 40 години, станав полнолетен“, напиша Џамбазов во описот на сликата.

Под објавата се редат илјадници честитки и желби од неговите бројни обожаватели и пријатели.

Среќен чале“, напиша актерката Јелена Јованова, „Да си жив и здрв омилен човеку. Остани одличен како петката и бесконечен како осмицата“, „Уште толку да си дочекаш, па после кој сака нека умира“, „Да си ни жив и здрав и секогаш среќен, легендо“, „Младичу, среќен роденден. Среќата е важна, годините не! Важно да ти се множат а да си ни ти здрав и жив“, беа само дел од честитките.

илина арсова
Фото: Принтскрин / Instagram

А неговата сакана Илина Арсова роденденот му го честиташе на уникатен начин. Нашата позната алипинстка на својот инстаграм-профил сподели „Среќен роденден љубов моја“ со цртеж во облик на срце. А потоа следеше и принтскрин фотографија од нивен видео разговор.

илина арсова
Фото: Принтскрин / Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот