ФОТО: Холанѓаните го празнуваат 27 април – Ден на кралот на Холандија

Холандија го слави Денот на кралот/Фото: Скриншот

Денот на кралот е национален празник во Холандија и од 2014 година се празнува на 27 април, роденденот на кралот Вилем Александар. Во Холандија тоа е празник за и на народот, каде што славењето трае од раните утрински часови до доцна навечер, додека целата земја е во славеничко расположение и е обоена во портокалово, националната боја на Холандија и презимето на кралското семејство – Фан Орање.

Денот на кралот е неработен ден во земјата, со многу различни свечености, паради и музички и уметнички настапи. Кралот со неговото семејство и остатните членови на кралската фамилија секоја година посетуваат различен град и општина, каде што се одржуваат централните свечености и настани, патем поздравувајќи се и разговарајќи со народот и претставниците на локалните заедници.

Кралското семејство на Холандија/Фото: Скриншот

Оваа година град домаќин на празникот е Ротердам во провинцијата Јужна Холандија, каде што кралот ќе ја започне својата церемонијална обиколка на градот прво поздравувајќи се со градоначалникот на градот, а потоа ќе продолжат со разни средби и манифестации во текот на денот.

Картите за сите свечености, како и јавниот транспорт низ градот овој ден се бесплатни и достапни за сите.

Фото: Скриншот

Државната телевизија врши директен пренос на настаните од почеток до крај.

Фото: Скриншот

Годинава кралот слави уште еден јубилеј – 10 години откако е дојден на престолот, по абдицирањето на неговата мајка, принцезата Беатрикс, во негова корист.
Кралот Вилем Александар и неговото семејство, кралицата Максима и нивните три ќерки се омилени кај холандскиот народ поради својата добронамерност, скромност и едноставност и нивниот ангажман и посветеност кон благосостојбата на холандската држава и нација.

Фото: Скриншот

Доколку имате прилика да се најдете во Холандија за време на овој празник, добрата забава и расположение ви се гарантирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот