ФОТО: Грчкиот пилот кој ја уби сопругата пред нивната ќерка се појави пред судот

Грчкиот пилот Бабис Анагностопулос (33) денеска се појави пред судот во Атина, поради обвинението за убиството на неговата сопруга, кое тој го призна. Тој повеќе од месец дена тврдел дека неговата жена е убиена при грабеж во нивната куќа.

 EPA-EFE/ALEXNDROS VLACHOS

Пилотот и инструктор, денеска пристигна во атинскиот суд под силен полициски надзор, пренесува АП.

Тој е обвинет за убиство со умисла врз сопругата Каролина Крауч (20), британска државјанка која загина како последица од гушење на 11 Мај во нејзиниот дом во Атина.

EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

Анагностопулос во текот на истрагата и зборуваше на полицијата како во нивниот дом влегле крадци кои нему му оневозможиле да ја одбрани неговата сопруга, која потоа ја убиле, додека нивната ќерка спиела. Тој тврдел дека крадците го усмртиле и нивното куче, по што тие избегале, крадејќи им пари од домот.

 EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

Меѓутоа, потврдено е дека тој бил човекот кој ја загушил неговата жена, бидејќи таа му соопштила дека ќе се разведе од него, по што тој го измислил целото сценарио околу смртта. Тој толку многу се внесол во лажното сценарио што го убил и сопственото куче, мислејќи дека неговата приказна ќе биде поверодостојна.

Жена држи свеќа на протестот во Атина поради фемицидот врз младата Британка / Фото: EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS
Луѓе што излегоа на денешниот протест во Атина држат банер на кој пишува „Наречи го како што се вика: фемицид“ / EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS
 EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот