ФОТО | Фотографија од жолто поле и сино небо во Вуковар стана симбол на поддршка за Украина

Поле со маслодајна репа во близина на Вуковар / Фото: Инстаграм, Дарко Кешњер

Британската пејачка Викторија Бекам испрати порака со поддршка до сите жени и деца во Украина, а покрај неа ја објави и фотографијата на хрватскиот фотограф Дарко Кешњер, направена во близина на Вуковар.

„Сакам да го искористам денешниот ден за да ги поддржам жените и децата на кои им е најпотребна нашата поддршка, на оние кои се погодени од разорната војна во Украина“, напиша Бекам на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Оваа фотографија, на која е прикажано жолто поле со сино небо, стана вистински хит на социјалните мрежи каде масовно се споделува како симбол на поддршка за украинскиот народ.

„Фотографијата ја направив минатата година, во околината на Вуковар. Јас сум професионален фотограф и никаде не одам без својата опрема, па често застанувам кога ќе видам убави кадри и ги фотографирам. Токму така ми го привлече вниманието и ова поле со маслодајна репа. Кога почна војната во Украина и кога ги видов сите тие луѓе со знамиња како гордо пружаат отпор, веднаш се сетив на тоа поле и на синото небо, па го објавив на мојот Инстаграм профил“, изјавил фотографот Кешњер за хрватски „Индекс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот