ФОТО | Дуа Липа слободна како птица: Двегодишната врска со Анвар Хадид заврши

Дуа Липа и Анвар
ЕPA-EFE/ETIENNE LAURENT

По две години врска, Дуа Липа и нејзиното момче Анвар повеќе не се заедно.

Според странските медиуми, пејачката и манекенот пробувале да ја спасат врската со тоа што направиле неколку пати обид за пауза, со цел да ја зачуваат истата, но неуспешно. Изворот изјави дека парот изминативе месеци имале тешки периоди поради фактот дека се пречесто на одвоени патувања.

„Нивниот однос е во криза и се чини дека е нестабилен“

Откако веста се прошири со молскавична брзина, Дуа Липа непосредно потоа објави серија провокативни фотографии во костим за капење и зимски чизми и сесија во зелен Версаче костум со предлабоко деколте.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Веста за раскинот на парот ги изненади фановите, особено затоа што се чинеше дека парот напредува во врската и дека се прилично среќни додека беа изолирани на ранчот во Пенсилванија, сопственост на семејството на Анвар.

Дуа и Анвар почнаа да се забавуваат во 2019 година. Парот се пресели во заеднички стан во Њујорк во септември 2019, по три месеци врска.

Фото: Инстаграм

Во една од објавите на инстаграм, Дуа Липа во 2020 напиша на инстаграм:

„Ништо послатко од 365 дена заедно со тебе“.

И двете страни уште немаат изјавено ништо официјално за јавноста, Дуа е во моментов во Лондон и снима албум, а Анвар е во станот во Њујорк со својот миленик, кучето Дектер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот