ФОТО | Бујното деколте на Салма Хајек ја засени невестата на Марк Ентони
Музичарот Марк Ентони (54) се ожени по четврти пат, новата сопруга на пејачот е поранешната парагвајска натпреварувачка за Мис Универзум, Надја Фереира (23). Свечената церемонија се одржа во Мајами во саботата, на 28 јануари.
Насобраните гости во Музејот на уметност Перез во Мајами, со нетрпение ги чекале младенците за да започне прославата, а меѓу нив имало славни личности како Викторија и Дејвид Бекам, Салма Хајек, Малума, Луис Фонси и многу други.
View this post on Instagram
Невестата Надја носела прекрасна бела венчаница со потпис на Галија Лахав. Додека се спуштала по скалите, околу неа ставиле заштитна бариера за да ја сокрие од јавноста. Горниот дел од фустанот бил изработен од интересни детали прикачени на проѕирната ткаенина. Косата ѝ беше врзана во висока пунџа. Шминката на нејзиното прекрасно лице била елегантна и дискретна.
За својата четврта венчавка, Марк Ентони избрал класичен црн костум од Кристијан Диор, кој го искомбинирал со сив елек и бела свечена кошула.
Надја, пак, за свадбената прослава по церемонијата ја променила модната комбинација. Таа облекла бела палто со светкави детали, а на фотографиите го покажала прстенот. Фотографии од одличната атмосфера објави Викторија Бекам и напиша:
„Честитки г-ѓа и господине Муниз. Ве сакаме и двајцата многу и ми беше чест да бидам дел од вашиот посебен ден и да ја прославиме вашата љубов.“
Вниманието го украла и актерката Салма Хајек (56), која воодушевила со деколтираниот фустан што го носела на венчавката. Салма позирала на Инстаграм во тиркизен фустан до подот, кој ги истакнал нејзините бујни гради. Косата ја кренала во висока пунџа, за да дојде до израз целиот нејзин раскош. На младенците им честиташе и Хајек.
View this post on Instagram
Марк и Надја почнаа да се забавуваат на почетокот на 2022 година, откако поминаа време заедно во Мексико, а врската ја потврдија во март. Во мај истата година се свршија, а со своите следбеници споделија моменти од свршувачката.
ФОТО | Џеј Ло ги менува бившите партнери како чорапи: По Афлек, сега е „уловена“ со друг поранешен
ФОТО | Петти обид: Марк Ентони ја запроси 30-години помладата манекенка