ФОТО | Бебе Реџа: Се здебелив, сакам да јадам и го обожавам мојот голем задник

Блета Реџа, попозната како Бебе Реџа, се појави на музичката сцена пред точно десет години. По Рита Ора и Дуа Липа, таа пристигна на светската сцена како млада музичка надеж со албански корени, а денес е една од најпопуларните пејачки со милиони долари на својата сметка. Бебе Реџа неодамна откри и како повторно е лудо и среќно заљубена, но честопати отворено зборуваше за помалку убавата страна на светот на богатите и славните.

Profimedia
Profimedia

Во интервјуата, а и преку песните таа често зборуваше за својата борба со анксиозноста и депресијата, но и тежината. Имено, од нејзините почетоци, Бебе драстично го промени физичкиот изглед, но истакнува дека никогаш не се чувствувала подобро во сопствената кожа, што е одлично да се слушне. За жал, интернет – троловите веќе долго време не и даваат душевен мир и поради тоа, пејачката не можеше да најде ниту еден дизајнер за да ја облече за Греми наградите во 2019 година.

Facebook
Facebook

„Жал ми е, но морам да признаам за ова. Ако не ви се допаѓа мојот стил или музика, тоа е една работа. Но, да се каже дека не можете да облечете некој што нема манекенска става е нешто сосема друго. Охрабрете ги жените да ги сакаат своите тела, да не се чувствуваат лошо за нивната големина. Убави сме во која било големина. Мали или големи! А, мојот конфекциски број 40 сеуште оди на доделувањето на Греми наградите “, решително рече тогаш пејачката на Инстаграм и предизвика воодушевување кај многу фанови. Пејачката тогаш блескаше на доделувањето на наградите во прекрасен црвен фустан од тул.

Facebook
Facebook

Пејачката честопати знаеше да се пресмета виртуелно со троловите на социјалните мрежи кои и велеа да ослабе, а таа редовно им велеше дека треба да работат на себе, бидејќи омразата што ја имаат кон другите и фактот дека треба да научат да прифаќаат разлики.

Facebook
Facebook

Пејачката беше и брутално искрена и јасна. „Да, јас сум човек, сакам да јадам и кога јадам јаглехидрати, задникот ми станува поголем. Да, добив тежина и знаете што, го обожавам својот голем задник. Не мора секоја пејачка да биде слаба, и ако тоа го очекувате од мене, извинете, нема да го добиете“, рече таа еднаш. Таа исто така откри дека започнала да добива плус килограми кога започнала да зема лекови против анксиозност.

Facebook
Facebook

Бебе Реџа беше видена минатиот понеделник како ужива во Кабин, Мексико, со новото момче, режисерот Кијан Сафјари, а ги придружуваше и едно неодоливо слатко црно куче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот