ФОТО | Адел откри: Ослабнав 50 килограми, не држев ниту една диета, а тајната е во ова!

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Британската пејачка Адел (33) се врати на музичката сцена во октомври минатата година по неколку години пауза и воодушеви не само со новиот сингл „Easy on Me“, туку и со својата физичка трансформација. Имено, музичката дива по разводот ослабе речиси 50 килограми.

-Почнав да вежбам поради мојата анксиозност. Вежбањето ме натера да се чувствувам подобро. Никогаш не се работело за слабеење, туку за тоа да станам психички посилна. Станав голем зависник од тоа. Вежбам два или три пати на ден – изјавила Адел за „Вог“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Открила дека неуморно вежбала, комбинирајќи кружни и функционални тренинзи. Така работела повеќепати на ден цели три години, а од почетокот на пандемијата уште повеќе ги зголемила тренинзите.

Конкретно, Адел наутро кревала тегови, попладне пешачела по ридски терен или боксувала, а навечер вежбала кардио тренинг. Таа толку многу ги зајакнала мускулите што денес крева 77 килограми тежина. Нејзини мотиватори биле тренерите како Грег Миле во вежбалницата „Heart & Hustle“ во Лос Анџелес, која е омилена меѓу холивудските ѕвезди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ADELE ³⁰ (@adelesp)


Меѓутоа, во меѓувреме во медиумите се појави информација дека таа била на различни диети, меѓу кои и на диетата сиртуин. Сето ова пејачката го демантираше за „Вог“, тврдејќи дека слабеењето се должи на обилно потење за време на тренингот, а со оглед на тоа дека трошела многу, морала редовно да ја надополнува енергијата и наместо два големи оброци, јадела малку по малку цел ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ADELE ³⁰ (@adelesp)


Адел со тоа ја стекнала својата самодоверба, се чувствувала посилна и се ослободила од зависноста од мобилниот телефон. Покрај тоа, таа се ослободила и од нападите на анксиозност што ги добила по разводот со Сајмон Конецки во 2019 година, со кого помина осум години и доби син.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот