Формула 1: Шарл Леклер до пол-позиција во Монте Карло

фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Возачот на „Ферари“, Шарл Леклер ја обезбеди пол-позицијата за трката во Формула 1 во Монте Карло, Монако, откако беше најбрз во денешните квалификации.

Домашниот возач го имаше најбрзиот круг (1:10.270) и ја прекина рекордната серија на актуелниот шампион и возач на „Ред Бул“, Макс Верстапен од осум последователни пол-позиции.

Второто место му припадна на Австралиецот Оскар Пјастри од „Мекларен“, а третото на Шпанецот Карлос Саинц од „Ферари“.

Ландо Норис („Мекларен“) ќе стартува четврти, Џорџ Расел („Мерцедес“) петти, додека Верстапен ќе стартува од позицијата број шест.

Трката во Монте Карло, осма сезонава во Ф1 шампионатот, ќе се вози во недела во 15.00 часот.

Моментно кај возачите во генералниот пласман води Верстапен со 161 бод, пред Леклер кој има 113.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот