Фонсека ги разочара клубот и навивачите, наскоро ќе ја напушти Рома!

epa09143984 Roma's head coach Paulo Fonseca reacts during the Italian Serie A soccer match between Torino FC and AS Roma at the Olimpico Grande Torino Stadium in Turin, Italy, 18 April 2021. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Римската „волчица“ објави дека по завршувањето на тековната натпреварувачка сезона тренерската клупа ќе ја напушти Пауло Фонсека.

Претседателот на Рома, Ден Фридкин потврди дека португалскиот стратег нема да добие нов договор, после разочарувачката сезона во Серија А.

Договорот на Фонсека истекува во јуни и моментно во шампионатот екипата се наоѓа на седмото место, девет помалку од градскиот ривал Лацио на шестата позиција.

Како што известуваат италијанските медиуми, соработката автоматски ќе беше продолжена доколку клубот обезбедеше место во Лигата на шампионите.

Да додадеме уште дека минатиот четврток Рома на „Олд Трафорд“ загуби со дури 6:2 од Манчестер јунајтед во првиот натпревар од полуфиналето во Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот