Фон дер Лејен ја повика ЕУ да ги отвори вратите за земјите од Западен Балкан

Урсула фон дер Лејен, која ќе биде идната претседателка на Европската Комисија ги повика владите на земјите членки на ЕУ да остават отворен пат за членството на земјите од Западен Балкан во Унијата.

Таа во своето обраќање во Европскиот парламент изрази и надеж дека Велика Британија ќе остане во Унијата.

Сепак, таа исто така истакна дека Лондон мора да ги реши своите работи во врска со Брегзит, алудирајќи на она што земјите-членки на ЕУ го нарекуваат „недостаток на јасност од Лондон во однос на она што Велика Британија го сака во односите со Унијата во иднина“.

– ЕУ се заснова на принципи, порача Лејен – истакнувајќи ги приоритетите на нејзината идна политика, првпат откако беше номинирана за претседател на Европската комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот