Филмски ликови кои навистина постоеле

Филмските ликови можат да бидат плод на фантазија, да бидат поврзани со вистински случувања, а некогаш се мешавина од едното и од другото. Многу од култните ликови настанале според личности кои навистина постоеле.

Зоро
Еден од најпознатите филмски ликови од 90-тите, Зоро, е направен според ликот на „Мексиканскиот Робин Худ“. Хоакин Муриета бил рудар чие семејство било постојано напаѓано, а власта не преземала ништо во врска со тоа. Затоа тој одлучил работите да ги земе во свои раце. Формирал банда која ограбувала и убивала, но на крај бил фатен од тексашките ренџери.

Норман Бејтс – Психо
Филмот „Психо“ на Алфред Хичкок е еден од најпознатите хорор филмови. Неговото дејство го следи животот на Норман Бејтс кој се поистоветува со својата психички нестабилна мајка. Психо настанал според ликот на Ед Геин, кој во 50-тите години почнал да се поистоветува со својата мајка, а пред тоа се обидувал да удоволи на секој нејзин каприц.

Северус Снејп (Хари Потер)
Џ. К. Роулинг со својот талент создаде цел волшебен свет во книгите за Хари Потер. Еден од највпечатливите ликови од книгата е професорот Северус Снејп, а инспирација за неговиот лик Роулинг добила од својот професор по хемија Џон Нетлшип.

Попај
Е. Ц. Сегер, творецот на еден од најпознатите морнари на светот, Попај, инспирација за овој лик добил од локалниот „жесток“ морнар Френк „Роки“ Фигел. Фигел не само што изгледал како Попај, туку имал и ист карактер како него.

Шерлок Холмс
Артур Конан Дојл го создал Шерлок Холмс уште во 1887 година по углед на Џозеф Бел кој предавал форензика. Исто како и Холмс, и Бел и асистирал на полицијата во решавање на злосторства, но тој никогаш не ја напуштил својата работа за да работи во полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот