Филипинскиот претседател стави вето на предлог закон понуден од неговата сестра

Фердинанд Маркос Јуниор / Фото EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Во еден од неговите први законодавни акти, новоизбраниот филипински претседател Фердинанд Маркос Јуниор стави вето на нацрт-законот спонзориран од неговата сестра, која е пратеник, со кој би се создала специјална економска зона северно од главниот град, соопшти во саботата претседателската канцеларија.

Маркос (64), кој ја презеде функцијата на 30 јуни по убедливата победа на изборите во мај, наследи над 200 милијарди американски долари државен долг, поттикнат од пандемискиот одговор на неговиот претходник и влијанието врз економијата.

„Мора да се применува фискална претпазливост особено во моменти кога ресурсите се оскудни, а потребите се изобилни“, рече Маркос во писмото во петокот упатено до Конгресот.

Создавањето нова специјална економска зона, која нуди долги и широк опсег даночни поволности за инвеститорите, ќе претставува „значителен финансиски ризик за земјата“, рече Маркос.

Во мај, Горниот дом на Конгресот усвои нацрт-закон за создавање специјална економска зона во провинцијата Булакан. Автор е на сенаторот Име Маркос, еден од многуте политички сојузници на претседателот во Конгресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот